КАКО ДА ГИ ОДМОРИТЕ ОЧИТЕ ОД ГЛЕДАЊЕ ВО ЕКРАН: Правилото 20-20-20 помага кај непријатните симптоми од оваа состојба!
Со оглед на тоа што многу луѓе поминуваат часови гледајќи во компјутерските екрани и другите дигитални уреди за работа, како и во слободното време, проблемите што се појавуваат со очите заради нив добија посебни имиња – дигитален напор на очите и синдром на компјутерски вид. Најчести симптоми се сувост, црвенило, иритација и замор на очите, а често се придружени со заматен вид и главоболки. За да се ублажи непријатноста, се препорачува таканареченото правило 20-20-20, што значи дека на секои 20 минути треба да правите пауза од 20 секунди така што ќе ги тргнете очите од екранот и ќе го фокусирате погледот на нешто од најмалку 20 стапки оддалеченост (6 метри) – по можност со гледање низ прозорецот.
Истражувањето спроведено од научници од Шпанија, Словачка и Велика Британија покажа дека методот 20-20-20 навистина функционира доколку се практикува редовно. За полесно да се усвои таквата навика, научниците препорачуваат поставување на тајмер, односно аларм (на пример на компјутер, мобилен телефон или рачен часовник) на секои 20 минути како постојан потсетник, а има и мобилни апликации како што е Eye Care 20 20 20, кои известуваат кога е време да се олеснат очите.
Се препорачува и почесто трепкање, но и извесно затворање на очите, бидејќи така подобро се „подмачкуваат“ и прочистуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…