Како државен неприjaтел број еден: Османи бара да го задржи нивото и да покаже доблест – цела Влада yдpи по вицепремиерот
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку статус на Фејсбук му одговори на вицепремиерот за интеграции во заминување, Никола Димитров на прозивките дека тој по секоја цена сака да се реши спорот со Бугарија.
-Пред нас во формирање е еден нов политички моментум создаден преку новите мандати на Владите во двете земји. Граѓаните очекуваат од нас да ја искористиме оваа нова политичка иницијатива за да ја зајакнеме довербата меѓу двете Влади и меѓу двете држави. За оваа и јас лично, но и Министерството за надворешни работи, е во постојана комуникација и со Работната група во Владата, и со актуелниот Премиер, а консултациите правиме и со новиот Мандатар кој очекуваме наскоро да ја преземе функцијата
.
Резултат на оваа активност е веќе договорената посета на високата владина делегација предводена од Премиерот Петков на Скопје на 18 јануари, а во постојана комуникација со нашите колеги од Бугарија, веќе работиме да постигнеме согласност за одржување и на заедничка седница на двете Влади само една недела подоцна, или на 25 јануари, вели Османи.
Тој додава дека од успехот на овие посети ќе зависи и насоката и силината на новиот моментум во односите меѓу двете земји, и оттука сите активности кои го загрозуваат овој успех ги смета за непродуктивни и нефер.
-Ги повикувам јавно сите колеги, сегашни и поранешни, да покажеме доблест и фер однос едни кон други, да го задржиме нивото и довербата кои долги години и меѓусебно ги градевме, и да им ја обезбедиме европската иднина на граѓаните која предолго само им ја ветуваме, заклучува Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…
Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…
Османи: Европската агенда на Македонија мора да…
Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…
На денешен ден Заев и Димитров беа…
На денешен ден пред 6 години тогашниот…