„Како може да постои примање, ако нема давање на поткуп?“ – одбраната на Камбери тврди дека има целосен недостаток на материјални докази

t

Со воведни зборови на одбраната во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во „Пулс“.

Одбрана на Џеваир Камбери

Поради болката и тежината на трагедијата наша должност е да ја утврдиме вистинската одговорност, а не да посочуваме жртви. Камбери е вплеткан во лавиринт од погрешни обвиненија, човекот кој и самиот е претворен во жртва. Целта на одбраната ќе бдие да докаже дека обвинителниот акт протов Камбери е правен конструкт, без причинско-последична врска. Оваа судница не смее да стане место за барање на жртва, туку храм на правдата.

ЈО во обвинителниот акт го товари обвиентиот за комплексни китично-правни дејствија кои одбраната ќе ги оспори во целост.

Целосно е погрешно тврдењето на ЈО, обвинетиот Камбери немал ниту законска обврска, ниту должност и механизам да врши теренски увид и контрола на условите, неговата улога била стриктно административна, да обработува барања за лиценци по доставена документација.

Инспекциски надзор, според закон вршат ДПИ и инспекциските органи, Министерството за економија не е иснпекциски орган, Камбери не е инспектор. Да се товари Камбери за пропусти во надзорот е исто како да се товари сообраќаен полицаец за лекарска грешка. ЈО не се повикува на законски пропис по кој обвинетиот требало да постапува, ниту неговите дејствија можат да се поврзат со останатите обвинети.

Постои факт кој го урива целото обвинение и причинско-последичната врска, а тоа е, на денот на пожарот угостителскиот објект работел без активна важечка лиценца. Ова не е претпоставка, туку факт.

Ова значи дека клубот работел нелегално, тоа е вршење на нерегистрирана дејност. Оваа нелегална активност во комбинација со употреба на пиротехника во затворен простор е факт кој целосно ја прекинува каузалната врска со било какви претходни административни дејствија на Камбери. Одговорноста е кај тие што донеле одлука да работат нелегално, кај тие што користеле пиротехника, кај инспекциските служби што не постапиле. Обвинението е правно неиздржано.

ЈО го товари Камбери за две одделни дејствија за примање на поткуп, за наводни 12.000 и 224.000 денари, ќе докажеме дека двете обвиненија се неиздржани и проблематични. ЈО тврди дека средства на банкарска трансакција се поткуп, а тоа е транспарентна позајмица, со јасно наведена цел на дознака. Недостаток на доказ за противправно дејствие, за да постои кривичното дело примање на поткуп, неопходно е да се докаже дека парите се примени за да се изврши или да не се изврши некакво дејствие. ЈО нема докази за ова.

Како може да постои примање, ако нема давање на поткуп? ЈО го товари Камбери за примање на поткуп, но Дејан Јованов не се товари за давање на поткуп.

Има целосен недостаток на материјални докази, во конкретниот случај не се пронајдени парите, ниту се користени одбележани пари.

Графолошкото вештачење констатира дека вештото лице не може да тврди дека Камбери е скриптор на потписите. Обвинетиот Камбери не бил овластен за ракување и чување на печати и штембили на Министерството за економија.

Обвинението е очигледен збир на претпоставки, погрешни толкувања и процедурални пропусти, Нема каузалитет, вистинската причина за трагедијата е противправното работење на клубот и употребата на пиротехника, по однос на поткупот не докажеме дека не постои поткуп, туку легална трансакција. Во однос на фалсификувањето на исправи, Камбери има цврсто алиби кое го прави извршувањето на делото невозможно. Камбери е злоупотребен за да се прикрие пропустот на системот, тој е жртвено јагне.

Уверени сме дека во целост ќе ги оспориме наводите во обвинението, што ќе поризлезе од доказите.

На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.

Паралелно со главниот процес, тече и посебна постапка против полициски службеници за давање лажни уверувања и дозволување на работа на дискотеката без исполнети минимално-технички и безбедносни услови. Изминатата недела Обвинителството отвори постапка и против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.

Процесот го води судечки совет чиј претседател е судијката Диана Груевска Илиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Како може да постои примање, ако нема…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Спасовски со реакција за кривичната: МВРО-ВМРО се…

По понесувањето на кривичнапријава од страна на…

Одбраната на Бектеши тврди дека не бил…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

СДСМ за кривичната против Спасовски: Политички прогон…

Власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како што…

Тројца бугарски државјани осомничени за неовластена трговија…

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…