Како најважна работа во државата: Тренчевска се заложува за унапредување на правата на ЛГБТ заедницата
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, Н.Е. г. Дејвид Гир.
На средбата соговорниците разговараа на теми кои се во надлежност на министерството за труд и социјална политика, како и соработката на заеднички проекти, кои се од големо значење за граѓаните на Македонија. Клучните теми беа во областа на родовата еднаквост, заштитата од дискриминација, вклученоста на Ромите во општеството, процесот на деинституционализација, детската заштита и младинската гаранција.
МинистеркатаТренчевска информираше дека по усвојувањето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жената и семејно насилство минатата година министерството работи на подзаконските акти, заедно со поддршка на УНФПА и граѓанскиот сектор, со цел целосна негова имплементација.
„Сведоци сме дека на социјалните мрежи во голема мера се шири говор на омраза и се позачестено е сајбер насилството. Тоа укажува дека мораме засилено со заеднички напори од сите институции чии надлежности го опфаќаат насилството и граѓанските организации, да делуваме уште поактивно, да ја зајакнеме заштитата на потенцијалните жртви , но и да ја подигнеме свеста дека насилството е недозволиво и казниво,“ рече Тренчевска.
Министерката информираше дека во подготовка е и новиот Закон за родова еднаквост , на кој работи работната група и се заблагодари на поддршката од Делегацијата на ЕУ во земјава, која придонесува во изработката на новото законско решение преку TAEX инструментот со кој се обезбеди експертска поддршка и усогласување со меѓународните норми.
Тема на разговор беа и правата на ЛГБТИ заедницата во земјава, на што министерката ја истакна заложбата на министерството и заедничката соработка со граѓанскиот сектор во унапредување на нивните права.
Соговорниците разговараа и за процесот на деинституционализација при што беше изразено задоволство од нејзината успешност. На што министерката посочи дека тоа е еден од најхуманите пристапи кои една држава може да го направи за лицата со попреченост. Притоа, таа информираше дека министерството има обезбедено буџет и за следната година со цел продолжување на овој процес.
Една од темите беше и вклученоста на Ромите во општеството. Министерката информираше дека Владата и министерството вистински се залагаат за нивна поголема инклузија, а за тоа потврдуваат проектите кои се реализираат, како што се домувањето и вработувањето на Ромите и вклученоста на децата Роми во предучилишниот процес.
Страните ја потенцираа и успешноста на мерката Гаранција за млади, за која Македонија е земја лидер во регионот во нејзината реализација, а не е земја членка на ЕУ.
На средбата стана збор и за социјалното претприемништво, за кое што министерката ја посочи поддршката на министерството за развојот на социјалните претпријатија во нашата држава и ја посочи соработката со Република Полска, чии што добри практики се од големо значење за нашата земја.
Соговорниците изразија големо задоволство од досегашната соработка и продолжување на заедничките проекти на прашања кои се од големо значење за граѓаните на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затворски казни до 15 години за ЛГБТК+…
Ирачкиот парламент денеска усвои закон со кој…
Путин “омекна”? ЛГБТ заедницата е дел од…
Членовите на ЛГБТ заедницата и нејзината култура…
Орбан бара промени во ЕУ, луѓето сакаат…
Дојде време да се замени доминантниот дискурс…
Вучиќ: Стигна писмо дека мора да го…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека власта…
ЛГБТ парада денеска во Белград
Со „Прошетката на гордоста“ борците за правата…