Како што зборуваа за Арсовска, така ДПМНЕ сега зборува за Силјановска

t

Ветувањата коишто ги дава ДПМНЕ пред граѓаните, не се разликуваат од она што го кажуваа пред локалните избори, а што се претвори во бесконечна листа нереализирани проекти и изневерени очекувања, велат од СДСМ.

– Како што зборуваа за Арсовска, така ДПМНЕ сега зборува за Силјановска.

Велеа дека имаат решение за Скопје, кое ќе прерасне во модерен град, граѓаните ќе се возат бесплатно во нови 250 еколошки автобуси, ќе дишат чист воздух од големите мега паркови.

А, Скопје сега е најзагадениот и највалканиот град не само во регионот и пошироко, со нефункционална администрација, со јавни претпријатија кои се дават во долгови, со запрени и прекинати проекти, полни контејнери и валкани улици.

ДПМНЕ едно зборува, друго прави.

Велат дека се за ЕУ, а немаат ни план, ни визија, ни волја за тоа, туку напротив наместо европска иднина нудат враќање во минатото.

СДСМ има јасен план и визија до 2030 година државата да стане земја членка на ЕУ.

Изборот пред граѓаните е помеѓу два сосема различни концепти, надеж за европска иднина со СДСМ и Пендаровски и безнадежност и враќање во минатото со ДПМНЕ и Силјановска. – посочија од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Деверот на пратеничката Златеска од ВМРО-ДПМНЕ назначен…

Деверот на пратеничката Бисера Златеска од ВМРО-ДПМНЕ…

Левица: Советниците на ДПМНЕ изгласаа во Долно…

Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска…

За комитите од ДПМНЕ Илирида не е…

На денешната собраниска седница, владејачкото мнозинство си…

ДПМНЕ го демантира ВМРО од пред три…

Октоподите, бифтеците и папајата на ВМРО-ДПМНЕ изгледа…

Мицкоски си најде оправдување: Нема да има…

На претстојните локални избори кои треба да…