Како што ѝ личи на една членка на НАТО: Македонија годинава ќе купува оклопни возила и артилериски системи

t

На предлог на Министерството за одбрана, на денешната седница Владата на Македонија ја усвои Информацијата и го донесе Годишниот план на Владата на Република Македонија за склучување договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на странски држави за 2022 година.

Планот содржи осум проекти кои ќе се реализираат преку склучување договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на земји членки на Алијансата, со кои согласно Планот за модернизација на Армијата се предвидени набавки на лесни оклопни возила на тркала (проект во континуитет), специјални возила за посебни намени, артилериски системи 105 мм и муниција 105 мм, ПВО систем на многу мали височини, ремонт на транспортни хеликоптери, опрема за извидување и разузнавање, комплет за контрола на здружен оган Joint Terminal Attack Controler (JTAC) и лесни оклопни борбени возила за специјални сили.

Со наведената опрема, се наведува во соопштението од владината прес-служба, ќе се зголеми опременоста на Армијата на Македонија и нејзината интероперабилност со армиите на сојузничките земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…