Како Јакимовски ја гледа Македонија за пет години од сега: Проекти од 50 милијарди евра за развој на Македонија! Да зборуваме за клучни, не за имагинарни прашања
Немаме наставници по математика, физика, географија и многу други и наместо да се решава тоа прашање, нашите политичари зборуваат за ЕУ, НАТО, за Бугари во Устав, вели во денешното гостување во „Тешки муабети“ на Инфомакс претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевчо Јакимовски.
– Во училиште во Карпош не можеме да најдеме наставник по географија. Нема наставници по географија, математика, физика, пред 20 години „се тепаше“ кадар за да влезе да работи, сега не можеме еден наставник да најдеме. Наместо да видиме каков кадар ни фали, да го решиме тој проблем, политичарите збориваат за Бугари во Устав, за ЕУ, НАТО.
Ако им завраниш да кажуваат ЕУ и НАТО конструкција на реченица не можат да направат, вели Јакимовски.
Добар политичар мисли на следните избори, а добар државник на следните генерации, истакна уште еднаш Јакимовски кој нагласи дека актуелните политичари и претседателски кандидати се крајно сервилни кон странците.
– Треба ли да се реформира образование? Деветто одделение деца не знаат азбука, треба ли да преземеме нешто? Можно ли е само петки да има, прво во образованието треба да биде знаењето, второ да создадеме кадар што ни треба, трето да ги наградиме оние кои се во образованието, да не сакаат да си заминат од државата.
Второ, треба ли да се среди здравството? Нели е хипокризија специјализантите на 30 години да работат, да лечат пациенти, да немаат здравствено осигурување, а да имаат плата да си купат семки. Имаме лекари од внатрешноста, треба ли тоа дете да плати кирија? Има ли граѓанин што ќе се спротивстави на покачување на придонесот за здравството, тоа ќе значи нови методи, нова опрема, поголеми плати… Тоа е македонска перспектива!
Има ли денеска луѓе што не одат на работа и земаат плата? Имаме на 26 деца една негователка, порано децата и се образоваа и се згрижуваа и се воспитуваа, сега првите две ги нема. Овци се згрижуваат, како ги третираме ние децата? Таму кај што имаме вишок во институции, фино некој ќе каже госпоѓо или госпоѓице, ќе одите ќе си земете сертификат и ќе одите во градинка. Правник проблем ли е во најмала рака да биде истражител? Како може да нема луѓе, а по министерствата си седат дома? Ќе одат ќе бидат затворски чувари, полицајци, ќе си поминат обука.
Што е проблемот да смислиме и да нарачаме готови проекти за 50 милијарди евра? Замислете да имаме пруга 250 километри на час? За три часа сте во Будимпешта, живееш во Скопје, работиш во Гевгелија, за 45 минути си на работа. Сега 40 километри на саат оди возот, за што ни треба тука Европа? – прашува Јакимовски.
Тој истакна дека Македонија мора да изботви сериозни проекти за подобрување на животот на раѓаните, а Македонија за пет години ја гледа како поразвиена, екомомски стабилна и безбедна држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…