Калајџиев: Европската комисија со извештајот ѝ испрати прекор на Владата
Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во изјава за Телма, оцени дека извештајот на Европска комисија, во кој е констатиран недостаток на напредок во борбата против корупцијата и судските реформи во земјата, претставува јасен прекор до Власта за начинот на кој ја третира правната држава.
„Не постои европска држава каде извршната власт би си дозволила отворено да ги напаѓа или да влезе во војна со судиите и обвинителите, да ги обвинува како да се тие најголеми криминалци и со тоа сама да влијае на паѓањето на довербата во судството и системот во целина. Тоа е поразително, бидејќи како што паѓа довербата, така расте ефикасноста на системот. Гледам тука прекор кон Власта која како да не го разбрала… Кај нас, иако долго време имаме повеќепартиски систем заснован на правна држава, владеењето на правото тешко го разбираат сите власти, а трите на ВМРО‑ДПМНЕ посебно се на некој начин антиталенти во оваа сфера. Едноставно не разбираат како функционира правната држава и владеењето на правото“, изјави професорот.
Калајџиев додава дека одговорот на Власта со којашто се третираат овие прецизни критики — со ноншалантност — не дава простор за оптимизам дека се обезбедени сериозни намери за брз чекор кон Европската Унија. Тој посочува дека најавите за персонални напади врз судии и обвинители што не им се блиски на власта се загрижувачки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калајџиев: Европската комисија со извештајот ѝ испрати…
Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во изјава за…
Мамдани на прва молитва во џамија откако…
Избраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, ги…
Курти ја губи власта во Приштина: Клокот…
Демократскиот сојуз на таканареченото Косово прогласи победа…
Пендаровски жестоко му одговори на Фрчковски: Никогаш…
Во врска со изјавата на Љубомир Фрчкоски…
Македонските домаќинства имаат најниски приходи во регионот
Во текот на изминатите неколку години, европските…