КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. апостол Јаков Алфеев
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 октомври. Денеска е Св. апостол Јаков Алфеев.
Овој Јаков му беше брат на апостолот и евангелистот Матеј. Еден е од дванаесетте апостоли, најнепосредните сведоци на Христовите зборови и дела, смртта и воскресението. По слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на празникот Педесетница, му се падна да Го проповеда воскреснатиот Христос во Елевтеропол и околината, а потоа во Мисир, што е старо име за Египет.
Неговата проповед постигна многу во Египет, кој во првите векови од Христовата ера стана расадник на христијанството и посебно на христијанското подвижништво. Таму и пострада, распнат на крст од незнабошците.
КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Марија Салома.
Таа била мајка на двајцата Исусови апостоли : Јаков Постариот и Иван. Евангелието споменува дека стоела под Исусовиот крст. Ја почитуваат особено во Палестина, Цариград, Белгија, Франција и Италија. Верниците и се молат во разни неприлики.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. апостол…
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска…
Дневен хороскоп: Љубовни проблеми, важни одлуки –…
Овен Во овој период можете да се…
Инзаги за Лаутаро: Еден од петте најдобри…
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го именува…
Неверојатно: Легендарниот Тоти со 48 години пак…
Еден од најдобрите италијански фудбалери на сите…
Калин Ивановски по операција и 11-месечно отсуство…
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, заврши со…