КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. пророк Осиј
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 октомври.
Денеска е Св. пророк Осиј.
Живеел и пророкувал на околу 800 години пред Христовото раѓање. Еден е од еврејските пророци. Во Стариот завет е останата една книга од него, во 14 глави. Како другите пророци, и Осиј го прекоруваше Израилот поради неговиот морален пад, повикувајќи го на покајание, т.е. промена на умот според образецот на чистиот и доблесниот живот, живот без завист, лага, љубов кон парите и нечистите задоволства, зашто сите овие работи им го поматуваа умот на луѓето. Го претскажуваше доаѓањето на Господа, како и богатството на даровите што Христос со себе ќе го донесе на земјата.
Доживеа длабока старост и мирно се упокои.
Според Католичкиот календар денеска е Св. Марцел.
Бил офицер на Римската војска за време на царот Диоклецијан. На 21 јули 298 година сите војници морале да искажат почест пред статуите на царевите Диоклецијан, Максимијан, Костанца и Галерие, кои се сметале за синови на боговите Јупитер и Херкул.
Свети Марцел го соблекол официрското дело и се одрекол од офицерската служба велејќи: “Јас сум христијанин и не им се поклонувам на царевите, како на богови, туку за Господ го признавам Исус Христос, синот на Господ, Семоќниот”. Тој бил измачуван и убиен. На Марцел, му се молат официрите и другите верници за помош, за зачувување на христијанската вера, како и истрајност во неа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…
Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…
„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…
Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…
Времето денеска ќе биде сончево и топло…