Календар на МПЦ: Денес се празнуваат овие светители

t

Според Календарот на МПЦ денес се празнува Свети Лав, епископ Катански.

Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните. Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните. Во тој град се појави еден маѓепсник Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младежта во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати да волшебствува. Свети Лав му пристапи, го врза со едното крајче на својот омофор и го одведе на градскиот пазар. Овде нареди да се запали голем оган и кога огнот се разгоре, влезе самиот во него и го вовлече внатре и Илиодор. Илиодор сиот изгоре, а Свети Лав остана неначнат од огнот. Од ова сите што беа замајани од Илиодор и гледаа во него божество се засрамија. А милосрдниот и ревносен Лав се прочу по целото царство како голем чудотворец, којшто со своите пресветли чуда им помага на луѓето. По неговата смрт од неговите мошти потече исцелително миро. Се упокои во 8 век.

Тропар
Угоднику Божји, ревнителу за верата православна, удостоен да бидеш носител на Христовата благодат, со името Господово исцелуваше, губави очистуваше и против прелестите на овој свет храбро истапуваше. Моли се за нас, Христов чудотворче, огнот на страстите во нас да изгасне и пред Бога да се претставиме во одори на спасение.

Светиот свештеномаченик Садок

Беше епископ во Персија после Св. Симеон. Еднаш во сон му се јави Св. Симеон и му рече: „Вчера јас, денес ти!“ Овие зборови Св. Садок му ги протолкува на своето стадо со значењето: „Лани пострадав јас, а оваа година ќе пострадаш ти!“ И навистина, таа година царот Сапор го уапси, заедно со многуборен клир и народ и ги изведе на суд. Прво им нареди да им се поклонат на огнот и на сонцето како на божества. Садок одговори: „Ние сме од сесрце подготвени да умреме за нашиот Бог, но на сонцето и на огнот нема да им се поклониме“. По ова беа мачени и осудени на смрт со меч. Пред смртта Св. Садок Му ја вознесе на Бога оваа молитва: „Измиј н ? , Боже, во нашата крв од нашите гревови!“ Неговите свештеници и верни заедно со него си ги предадоа телата на смрт, а душите на Бога бесмртниот. Пострадаа во 342 или во 344 година.

Тропар
Пламенот на името кое од Небесата беше дојавено, го исполни животот твој до буква последна, пред Господа исповедана, о свет мачениче Садок, а ти закрепнат од благодатта Христова, сто дваесет и осум ѕвезди живи, очистени во крвта на мачеништвото, приведе кон небесните населби, молејќи се нивниот спомен да биде залог за простување на гревовите, и милост пред Бога за оние кои за нив си спомнуваат, и Христа Го прославуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ТЕШКА СООБРАЌАЈКА вечерва кај скопската обиколница

Тешк сообраќајна несреќа вечерва се случила кај…

(Видео) Ставете појаси, спремете коленца, „Тешки Мубаети“…

Драги наши читатели и гледачи, наскоро почнуваме…

Петровска до Мицкоски: Претходно ме клеветевте, сега…

Пишува Славјанка Петровска на социјалните мрежи: Ме…

Борел: Операцијата на Украина во правец на…

Офанзивната операција на украинската армија во правец…

НАСИЛНО ЈА ВНЕЛ ВО ВОЗИЛО И ЈА…

Триесетиедногодишник е осомничен за насилно внесување девојка…