Календар на МПЦ: Денес се празнува Свети Владимир, голем кнез руски
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград.
Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ.
Главниот идол Перун беше симнат од Киевскиот Рид и фрлен во реката Дњепар. Кога ја прими христијанската вера, Владимир совршено го измени својот живот и сиот труд го вложуваше совршено да ги исполнува заповедите на оваа вера. Нареди насекаде по државата да се ѕидаат цркви наместо урнатите идолишта, а самиот ѝ изгради прекрасна црква на Пресвета Богородица во Киев. Црквата беше подигната на истото место каде што порано за Христа маченички пострадаа свети Теодор и неговиот син Јован (под 12 јули).
Со истиот оној непоколеблив напор со којшто порано го штитеше идолопоклонството, светиот кнез Владимир потоа го распростре христијанството. Се упокои во Господ во 1015 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…
Според календарот на МПЦ, утре се празнуваат:…
Според Календарот на МПЦ утре се празнуваат…
Соборот на Руските новомаченици и исповедници се…
Денеска се празнува Преподобен Григориј Декаполит
Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј…
Денес се сеќаваме на Светите маченици Гуриј,…
Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани.…
Денеска е Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Денеска е Свети…