Објавено на:

Калин Ивановски ја предводи македонската група тенисери за фјучрсот во Скопје

t

Скопје од 5 до 11 јуни ќе биде домаќин на ИТФ фјучрс турнир од серијата М25, на кој ќе настапат квалитетни тенисери меѓу кои и нашите најдобри.

Калин ќе биде петти носител на турнирот според АТП рангирањето, па ќе ја предводи македонската група тенисери. Покрај него, сигурен пласман имаат уште седум тенисери, а тоа се: Обрад Марковски, Берк Бугариќ, Горазд Србљак, Амар Хусеиновиќ, Марко Стоилковски, Бесир Дургути и Шендрит Деари.

Освен овие осуммина, Македонија ќе има уште минимум тројца квалификанти, а преку претколо до место на турнирот можат уште шест тенисери.

Најдобро рангиран тенисер пред турнирот е Миљан Зекиќ од Србија кој е 266 на АТП ранг-листата. По него следат Антоан Хоанг (350), Саша Гујемард Вајенбург (396) и Ерги Киркин (438) пред Калин Ивановски.

Наградниот фонд за турнирот е 25.000 евра, а Ивановски со сигурност ќе сака подобар резултат од претходниот турнир во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…