Објавено на:

Камала Харис: Ако некој упадне во мојот дом, ќе биде застрелан

t

Потпретседателката на САД, Камала Харис во текот на гостувањето кај Опра Винфри изјави дека е подготвена да употреби пиштол доколку натрапник упадне во нејзиниот дом.

„Веројатно не требаше да го кажам ова, но мојот тим подоцна ќе се справи со тоа“, додаде таа и се насмеа.

Харис во текот на неодамнешната дебата со Доналд Трамп кажа поседува пиштол за но ја потенцира поддршка за забраната на автоматските пушки.

„Огненото оружје од овој тип е буквално дизајнирано да биде воено средство. За него нема место на улиците на граѓанското општество“, нагласи таа.

Рече дека е поддржувач на американскиот втор амандман, кој го штити правото на поседување оружје, но се осврна и на американскиот проблем со престрелките во училиштата.

Таа предупреди дека е вознемирувачко што децата мораат да поминат вежби за да се подготват за вакви инциденти.

„Поседувам пиштол веројатно од истата причина како и многумина што го имаат – за лична безбедност. Бев обвинител“, рекла Харис во 2019 година, според Би-би-си.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…