Објавено на:

Камала Харис веќе гласала, ливчето патува во Калифорнија

t

Кандидатката на демократите за претседател на САД, Камала Харис веќе го пополнила гласачкото ливче и го испратила во Калифорнија каде што е регистриран гласач.

„Јас всушност само што го пополнив моето гласачко ливче и го испратив по пошта. Така гласав“, изјави Харис во Детриот, пренесе Си-Ен-Ен.

Воедно изјави дека верува во системот и дека нејзиниот глас ќе стигне во матичната држава. Таа исто така преку платформата X упати порака до гласачите:

„Вашиот глас е вашата моќ’“.

Актуелната потпретседателка ги охрабри гласачите да ги користат онлајн ресурсите за да го планираат своето гласање.

Во трката за претседател, анкетите од повеќе извори покажуваат дека Харис и кандидатот на републиканците, Доналд Трамп ќе водат „мртва трка“ за позиција во Овалната соба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камала Харис веќе гласала, ливчето патува во…

Кандидатката на демократите за претседател на САД,…

Прозападната Маја Санду го презеде водството на…

Молдавската прозападна актуелна претседателка Маја Санду го…

Зеленски: Потребно е да се уништат складиштата…

„Постојаните терористички напади врз градовите во Украина…

Молдавија: Кандидат на проруската партија во тесно…

Кандидатот поддржан од проруските социјалисти Александр Стојаногло…

Обложувалниците предвидуваат понеизвесна трка за американски претседател

Водечките светски обложувалници денеска предвидуваат понеизвесна трка…