Објавено на:

Камала Харис води пред Доналд Трамп

t

Камала Харис, која од Џо Бајден ја презеде номинацијата на Демократската партија за каднидат за претседател на САД, има мала но, според аналитичарите, значајна предност пред Доналд Трамп, изборот на републиканците.

Станува збор за предност од 3 процентни поени на териотријата на целите САД. Анализите покажуваат дека рокадата на Бајден со Харис донела нов ветер за Демократската партија. Сепак, Харис допрва треба да ги диференцира клучните прашања во нејзината кампања како што се правото на абортус, состојбата со демократските процеси во земјата.

Засега, според анкетата, Трамп предничи кај граѓаните кои сметаат дека економијата е главно прашање и кај оние кои велат дека финансиски не стојат добро.

Ситуацијата е изедначена кога станува збор за таканаречените „превртливи држави“ – Невада, Аризона, Висконсин, Мичиген, Пенсилванија и Џорџија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камала Харис води пред Доналд Трамп

Камала Харис, која од Џо Бајден ја…

Зеленски: Ги зацврстивме нашите позиции во Курск,…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговите…

Блинкен пристигна во Израел

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна…

(Видео) Сообраќајка во Тетово помеѓу Брза помош…

Попладнево во Тетово се случила сообраќајна несреќа…

Мета се сретнал со Мицкоски во Охрид

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на…