Објавено на:

Камала Харис собра 540 милиони долари за нејзината кампања!

t

Демократската кандидатка Камала Харис собра 540 милиони долари за нешто повеќе од еден месец откако ја започна својата трка за претседател на САД, со голем скок во донации за време на минатонеделната Демократска национална конвенција, објави нејзината кампања во неделата.

Во меморандумот објавен од менаџерката на кампањата на Камала Харис, Џен О’Мали Дилон, се вели дека собраните 540 милиони долари вклучуваат 82 милиони долари собрани за време на конвенцијата, што е знак на демократскиот ентузијазам за нејзината кандидатура, пренесува Ројтерс.

Американскиот потпретседател Камала Харис стана претседателски кандидат на 21 јули, кога претседателот Џо Бајден поднесе оставка под притисок на колегите демократи загрижени за неговите когнитивни способности по слабите резултати за време на дебатата на 27 јуни против републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Кандидатурата на Камала Харис им донесе импулс на демократите по обидот за атентат на Трамп во средината на јули, се чинеше дека тој има недостижна предност пред демократскиот противник, кој во тоа време беше Бајден. Меѓутоа, Харис ја презеде иницијативата и нивната трка стана главно изедначена. Независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор минатата недела се откажа од својата кандидатура и го поддржа Трамп.

Харис и нејзиниот потпретседател, Тим Волц, оваа недела ја водат својата кампања за Белата куќа на автобуска турнеја низ Џорџија во обид да добијат поддршка во државата која игра голема улога на изборите на 5 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камала Харис собра 540 милиони долари за…

Демократската кандидатка Камала Харис собра 540 милиони…

Кампањата на Камала Харис за 24 часа…

Кампањата на актуелната американска потпретседателка Камала Харис…

Кампањата заврши, денес е изборен молк

Од полноќ стапи во сила молкот во…

Трамп собра над 50 милиони долари за…

Доналд Трамп, кандидат за претседателските избори во…

Арсовска до Советниците на ДПМНЕ: Сакате да…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ги…