Објавено на:

Камион удри во ожалостени пред крематориум во Кина – 17 загинати

t

Камион удри во група ожалостени кои чекаа пред крематориум во југоисточна Кина, при што загинаа 17, а беа повредени 22, објави државната новинска агенција Ксинхуа.

Несреќата се случила нешто по полноќ во селото Таолинг, на околу триесетина километри југоисточно од градот Нанчанг во провинцијата Џиангкси.

Новинската агенција ги цитираше жителите дека ожалостените чекале пред преполниот крематориум. Тие наводно оставале свеќи и храна покрај патот, вообичаен ритуал за покојните, додека следниот ден чекале да влезат во крематориумот.

Причината за несреќата се истражува, јави Ксинхуа. Многу од жртвите биле од Таолинг.

Во извештаите на локалните медиуми не се споменува дали крематориумот бил особено прометен поради огромниот бран на инфекции што ја зафати Кина.

По речиси три години затворање, масовно тестирање и задолжителни карантини, Кина се откажа од својата строга политика со нулта стапка на Ковид-19 на 7 декември.

Оттогаш, најнаселената земја во светот бележи брз пораст на бројот на инфекции, особено кај постарите лица и оние кои страдаат од хронични заболувања.

Болниците се преполни, крематориумите работат непрекинато. Според проценките, досега се починати десетици илјади луѓе. Пекинг престана да објавува бројки на заразени лица.

 

  •  

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…

Денес во Министерството за надворешни работи на…

Пет лица загинаа, а 14 се повредени…

Пет лица загинаа, а 14 се повредени…

Унгарија тајно зела кинески заем од една…

Унгарската Влада тајно позајмила една милијарда евра…

11 лица загинаа откако мост во Кина…

Единаесет лица загинаа, а повеќе од 30…

Кина до НАТО: Добро размислете што правите…

Кина го советува НАТО да размисли за…