Канада ги повлекува од Украина семејствата на дипломатите
Канада денеска соопшти дека привремено ги повлекува семејствата на своите дипломати од Украина, поради руската акумулација на војници на границите со оваа источноевропска земја.
Американскиот Стејт департмент пред два дена соопшти дека им наредил на членовите на семејствата на своите дипломак да ја напуштат Украина, кажувајќи дека руската воена акција може да почне во секој момент.
Поради руското воено трупање и дестабилизирачките активности во и околу Украина, решивме привремено да ги повлечеме децата на персоналот на канадската Амбасада на возраст под 18 години и членовите на семејството кои ги придружуваат, изјави канадската министерка за надворешни работи.
Во соопштението нема други детали.
Канада, која има лоши односи со Москва по руската анексија на Крим во 2014 година, минатата недела соопшти дека на Украина ќе и понуди заем до 120 милиони канадски долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…
Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…
Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…