Канал 5 тврди дека Македонија е пред грчко ембарго – ако не се почитува Преспа се враќаме во 90-тите
Висок грчки политички инфлуенсер близок до Владата на Мицотакис за Канал 5 брифира дека доколку првиот чекор не успее – грчката влада размислува за забрана за влез на Македонците на грчка територија, забрана за прелети, романиг, а на маса е и опцијата за самоорганизација на т.н. жив штит на граничните премини со земјава.
1. Силни барања кон меѓународната заедница за нивен притисок врз новата влада во Македонија за прекин на постојаното вербално користење на Македонија.
2. Доколку ова не даде резултати, се повеќе се размислува за враќање на старите мерки за ембарго на лица и стоки како што се: забрана за влез на македонски возила, па дури и враќање на налепниците ( ова не би важело за оние кои имаат имот во Грција ), забрана за користење на роаминг на македонски мрежи, забрана за прелети на комерцијални авиони кои полетуваат од Скопје или Охрид и други мерки.
3. На маса е и опција за самоорганизација на т.н. грчки „жив штит“ на граничните премини помеѓу Македонија и Грција.
Ова се опциите на кој размислува официјална Атина, брифира грчкиот политички инфлуенсер за Канал 5.
Канал 5 постави прашања до грчката амбасада во земјава, а став побаравме и од македонското МНР но до овој момент одговори не добивме.
По инаугурацијата на новоизбраната претседателка во земјава Гордана Сиљановска Давкова и не употребата на придавката Северна за време на заклетвата во Собранието, но и по изјавите на лидерот на ВРМО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера грчкиот премер Мицотакис испрати најексплицитна порака дека земјава ќе се соочи со огромен меѓународен притисок, доколку не го почитува Преспанскиот договор.
„Грција во овој момент не е изолирана, Скопје е изолирано. И мислам дека на крај ќе сфатат дека оваа политика е безизлезна и верувам дека ќе се прилагодат на притисоците што ќе им бидат извршени и мислам дека е добро тоа, бидејќи ние сакаме добри односи со нашиот северен сосед“, изјави за ТВ Опен, Кирјакос Мицотакис, премиер на Грција.
Од грчката Влада велат ќе го следат развојот на настаните од новата Влада во змејава, а се додека трае ваквата ситуација, тие нема да ги ратификуваат меморандумите од Преспанскиот договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…