Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница повика на единство: Ова не е време за поделби, туку за иднина

t

*Објава на Фејсбук на кандидатот за градоначалник на Брвеница, Јовица Илиевски

Драги мои сограѓани,

Овие избори не се за поделби, туку за иднината на нашата општина Брвеница.

Жал ми е што се обидуваат да го поделат народот по етничка, национална или верска основа.

Тоа не е патот што води напред, тоа е патот назад.

Ние, во изминатите години, покажавме дека успехот се гради со работа, чесност и заедништво.

Реконструиравме училишта, изградивме детски игралишта и спортски терени, асфалтиравме улици, ги проширивме водоводните и канализационите мрежи.

Тоа се проекти кои не прават разлика меѓу луѓето, тие служат на сите.

Во општина Брвеница живеат Македонци и Албанци, но пред сè живеат луѓе што сакаат подобра иднина.

И таа иднина ќе ја изградиме заедно.

На оние што повикуваат на поделби им порачувам:

Општина Брвеница нема да се дели, општина Брвеница ќе се развива!

Народот не сака поделби, народот сака работа и резултати!

Да ја чуваме нашата општина обединета, да ја градиме со љубов и со почит.

Општина Брвеница е дом на сите нас, и така ќе остане!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница…

*Објава на Фејсбук на кандидатот за градоначалник…

Коалициониот на Мицкоски повикува: Гласајте за Хаким…

На социјалните мрежи се шират повици да…

ВЛЕН повикува на обединување на сите албански…

ВЛЕН и нивниот кандидат Хаким Рамадани кој…

Групна тепачка пред маркет во Брвеница, шестмина…

Вчера во 18.45 часот во Тетово, на…

Жител на Брвеница пукал на семејна веселба,…

Полицијата вчеравечер во 22 часот и 25…