Кандидат за градоначалник на Струга објави дека бил нападнат па го праша Тошковски: Што треба, да чекам да ме убијат, да гаснат цигари од мене?
Независен кандидат за градоначалник на Струга на социјалните мрежи сподели дека бил физички нападнат и навредуван. Роберт Милески на неговиот Фејсбук профил сподели непријатен настан каде, покрај навредите, според неговите зборови бил и физички малтретиран поради тоа што е кандидат за градоначалник.
Во продолжение неговата објава на Фејсбук:
Ете, и тоа се случи. Вечерва како кандидат за градоначалник на Струга, единствен Македонец, бев физички нападнат од група газди-силеџии на пливалиште и нивните младо заведени лица под нивна контрола (комуњари од сдс, ако се сомневате во нивното политичко-етничко потекло) седнат на јавен простор во сопственост на СИТЕ (не кај нив туку на ЈАВЕН ПРОСТОР), кои ми запретија прво дека сум курва, нужник и никој небитен! (за ова ќе посведочат полицајците на суд), а потоа дека ќе е најдобро за мене што побрзо да ме снема и да се иселам од СТРУГА, за добро мое и на моето семејство. Тие ќе ме бркаат мене и моите деца од мојот роден град кој го формирале моите предци! Ама очигледно комуњара не избира методи за плашење и присилба само да не им се пореметат нивните партиски сметки.
Ми фрлија две пива што си ги бев донел во езеро и ми изгасија две цигари од лице!
Искрено не верував дека политичката кампања за доброто на сите ќе премине во насилство, но, ете, и тоа бидна. Ама, се заебала комуњарава и остали, јас сум спремен на сé!
Повикав полиција која единствено е во служба на народот да нé заштити од вакви насилници, и морам да кажам дека полицајците беа целосно коректни. Направија записник, а утре ќе продолжам со постапката.
Абе СÉ ќе ви извадам на површина!
Дури тврдеа дека сум се дрогирал, замислете, пред полицајците! А за нив немаа ама никаков респект! Само заборавија дека ЈАС го измислив тестот за дрога од влакно од коса, кој кажува кој што зел во последните ДЕВЕТ месеци! И им понудив на полицијата да земат примерок и да го испитаат! Тоа што наведеното место е дувло за шмркање кокаин во Струга ќе го објаснам понатаму (во следна прилика). А ако мене ми најдат и еден нанограм недозволена супстанца еве јас ЈАВНО кажувам дека ќе се повлечам од кандидатурата и никогаш повеќе за мене нема да слушнете!
Сега е на потег македонската полиција и министерот Панче Тошковски. Панче, преземете мерки и заштитете нé од вакви насилници кои за жал се физички појаки од нас и нé тепаат и ни ги гасат цигарите од лице! Јас немам сила да се заштитам освен да се јавам на 192. Само тоа ми останува!
Ако не сте способни како полиција да нé заштитете, тогаш кажете на време да не си ги ризикуваме животите оти заканата беше – само продолжи и ќе те најдат “ќе пенине”. Тоа во струшки жаргон значи ќе те удавиме без око да ни трепне. Пред неколку години кога пишував против нив ми се заканија дека ќе ме обесат на крстот во Белица, еве сега ќе ме удават. Ова чисто за информација, јавно, ако ме најдете некаде, да знаете што ми се случило.
Бидете така, за следни информации. Очекувајте од нив секакви гомнарии за мене. Баш ме интересира што сé ќе смислат..
До следно видување драги мои, ако останам жив..
За МАКЕДОНИЈА! – стои во објавата на Фејсбук.


Во друга објава Милески го повикува министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски да преземе нешто.
– Панче Тошковски и Министерство за внатрешни работи што треба, да чекам да ме убијат? За што? За тоа што реков дека ќе се кандидирам како единствен Македонец во Струга? Да ми се закануваат и тепаат и да гасат цигари од мене? Алал да ви е Панче! Затоа што сакам да има кандидат Македонец во македонска општина Струга да морам да трпам закани од локални СДС моќници и да ми гасат цигари од лицево и 20 души да се смеат на тоа, што е типично насилство казниво со минимум 5 години за секој? Браво! Алал да ви е!
Значи да ја преземеме правдата во свои раце? Тоа е решението!?
п.с.. Нема да престанам да пишам дури насилниците не се во притвор, а јас и другите не можеме слободно да запалиме цигара покрај Дрим без да ни ја изгасат во образ!
п.п.с.. Панче, или ќе обезбедиме можност за секого во оваа наша држава или ако умрам нека погрешам, а нас никој да не нема! Не заслужуваме држава! – стои во објавата.

Од СВР Охрид за Инфомакс потврдија дека до полицијата е поднесена поплака од страна на нападнатиот, меѓутоа кривична пријава до овој момент не е поднесена.
– Поднесена е поплака за сопственикот на локалот кој е споменат, меѓутоа кривична пријава до овој момент нема. Сопственикот на локалот е повикан во полиција и со него е извршен разговор, велат од СВР Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидат за градоначалник на Струга објави дека…
Независен кандидат за градоначалник на Струга на…
Приведени возачи во Кавадарци, Куманово, Неготино, Скопје…
На 16.08.2025 во 12:10 часот на улица…
Семејствата на загинатите го демантираат МВР: Полицијата…
ИЗВЕСТУВАЊЕ од родителите на починатите деца во…
МВР демантира дека на граѓани вчера не…
Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите…
(Видео) МВР не им дозволи на граѓаните…
МВР не им дозволува на граѓаните од…