Каракамишева апелира: Да се обединиме во фронт за заштита на правото

t

Професорката по уставно право на Правниот факултет “Јустинијан Први”, Тања Каракамишева, на Фејсбук упати апел за обединување околу заштитата на правото, бидејќи само така ќе може да се заштити и државата.

-Во Македонија со години наназад имаме капитулација на правото!

Се што важи за другите земји во ЕУ и генерално во Европа не се применува или не важи за нас!

И наместо партиите да предложат да се направи ЗАЕДНИЧКИ национален блок за ЗАШТИТА НА ПРАВОТО, наместо да го кренеме гласот СИТЕ ЗАЕДНО во одбрана на правото како единствена сврзна точка со европските граѓани, ние одлучуваме да се фемкаме, да отстапуваме нешто што никој нормален не го прави и да си ја докусуруваме иднината со предлагање на небулози и преседани што ги нема НИКАДЕ ВО СВЕТОТ!

КОГА НЕМА ПРАВО, НЕМА НИТУ ДРЖАВА!

Да се обединиме во ФРОНТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО!

Само тоа може да ја спаси МАКЕДОНИЈА! – напиша Каракамишева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ