Каракамишева: Има ли некој учен во Влада да им ја врати по глава тезата дека Бугарите ќе бидат позаштитени со вметнуање во Уставот?

t

Професорката по уставно право, Тања Каракамишева, на нејзиниот Фејсбук профил објави краток став во врска со впишувањето на Бухарите во Уставот на РМ.

Професорката прашува дали има некој учен од Влада што ќе се сети дека Хрватите и Евреите не се внесени во Преамбулата на Уставот но сепак ги уживаат сите права во Македонија.

Еве што напиша Каракамишева на Фејсбук:

“Нема ли некој учен во Влада да им ја “врати по глава” тезата на бугарските власти дека правата на Бугарите ќе бидат позаштитени ако се ставени во Преамбулата, со примерот на Хрватите, Египќаните и Евреите кои иако не се набројани во Преамбулата на Уставот сепак ги уживаат сите малцински права во Македонија?

Нема, а?

Така и мислев!

#НеСмеОдВчера” – пишува Професорката.

Линк до Фејсбук статусот: https://www.facebook.com/Karakamisheva/posts/517664659716999

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ