Каракамишева: Собраниска седница утре не смее да има!
Професорката по уставно право, Тања Каракамишева на социјалните мрежи реагира во врска со седницата закажана за утре, на која треба да се расправа за заклучоците од францускиот предлог и предлог-преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.
– НЕМА ЗОШТО СОБРАНИЕ ДА РАСПРАВА И ГЛАСА ЗА ВЛАДИНА ИНФОРМАЦИЈА!
Не се правете НЕДОВЕТНИ сите 120 пратеника!
Нека не ве мафтаат со деловнички толкувања на Таљат, за ИНФОРМАЦИЈА НЕ СЕ РАСПРАВА И НЕ СЕ ГЛАСА!
Владата сака да направи мајмун од Собранието, а Европа сака да добие институционално алиби!
УТРЕ НЕ СМЕЕ ДА ИМА СЕДНИЦА ВО СОБРАНИЕ!!!, напиша Каракамишева на Фејсбук.