Објавено на:

Каракачанов: Петков подготвува национално предавство за спорот со Македонија

t

Апсолутно нема да има смисла да се свика Консултативниот совет за национална безбедност за Македонија, бидејќи она што го зеде како општо мислење на 10 јануари оваа година беше ставот на претходната влада во 2019 година, вели поранешниот бугарски вицепремиер и актуелен почесен претседател на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов.

Според него, „премиерот Кирил Петков во овие четири месеци не направи ништо за да ја одбрани бугарската позиција“.

-Тој на секој можен начин се обиде да ја смени бугарската позиција, да го заобиколи јавното мислење во Бугарија, бидејќи има преземено одредени обврски и кога велам дека има преземено некакви обврски, тоа е негова изјава до коалициониот совет. На кого му ветил политичарот кој се заколнал на бугарскиот устав во Народното собрание, не знам, но факт е дека владата, како што вели министерката за надворешни работи Генчовска, има две политики. Едната е онаа на Кирил Петков и неколкумина негови советници, кои се обидоа да го заобиколат бугарскиот национален интерес и сè уште подготвуваат чин што е национално предавство. Ова е вистината, изјавил Каракачанов, пренесува „БНР“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил

Министерството за внатрешни работи на Украина објави…

Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…

Не може да има „пасивен став“ кога…

Петков: Францускиот предлог е најдобар, утре одново…

Владата во Бугарија попладнево заседавала и е…

Бугарската легенда Петков: Не сакам ни да…

Легендарниот голман на Бугарија, Георги Петков не…

Каракачанов: Се однесуваат како ние да сме…

Каде што европратеникот Ангел Џамбаски застана во…