Каракачанов тврди дека не добил забрана за влез во Македонија
Нема забрана за патување во Македонија. Ова го изјавил поранешниот претседател на бугарската ВМРО-БНД и поранешен министер Красимир Каракачанов во интервју за „Радио Благоевград“.
Тој ги коментирал последните случувања на релација Скопје-Софија.
-Веројатно во главниот град на нашите западни соседи сфаќаат дека не постои начин да им се забрани на двајца европратеници да ја посетат оваа земја во време кога Македонија сака да започне преговори за членство во Европската Унија, а тука зборуваме за почесен претседавач на партија и на лидери на невладини организации, рекол Каракачанов.
Според него, не се почитуваат барањата од потпишаниот договор за добрососедство меѓу двете земји.
-Доказ за тоа се нападите врз културните клубови во Битола и Охрид, а во последната недела и претепувањето на секретарот на клубот во Охрид, Христијан Пендиков. Прилично непријатен впечаток оставија изјавите на претседателот на Македонија Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Отстапките што ги направи бугарскиот парламент со отстранувањето на ветото за почеток на преговорите на Македонија беа сфатени како знак на слабост на бугарската страна, вака Каракачанов ги коментирал настаните во интервјуто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каракачанов: Се однесуваат како ние да сме…
Каде што европратеникот Ангел Џамбаски застана во…
Ексклузивно со Каракачанов – Македонија нема да…
Бугарија нема да отстапи од своите барања…