Каранфилова-Пановска: Тенденции за воведување на нов режим во Македонија
Фани Каранфилова-Пановска, новата заменик претседателка на СДСМ во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва рече дека постојат тенденции за воведување на нов режим во Македонија, и дека нејзината партија ќе работи да ги разобличи истите тенденции.
„СДСМ работи и ќе продолжи да работи уште позасилено на разобличување на сите обиди да се поткопа владеењето на правото, да се наруши поделбата на власта, и да се разобличуваат тенденциите за воведување на нов режим во Македонија“, рече Каранфилова-Пановска.