Карацрска со дрва и камења по Иванов: Одлуката за аболиција на поранешниот претседател е срамна

t

За неколку месеци се очекува Судот за човекови права во Стразбур да одлучи за спорната аболиција на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, со која би можеле да се урнат поголемиот дел од предметите на згаснатото СЈО. Претседателката на Уставниот Суд, Добрила Кацарска, во интервју за неделникот „Фокус“ вели дека одлуката на Иванов била срамна, а институциите кои требало да се занимаваат со неа не мрднале со прст.

За мене како правник таквата одлука на претседателот Иванов е срамна одлука. Имено претседателот Иванов одлуките ги имаше насловено како „Одлука за помилување -ослободување од гонење без спроведување постапка“ и притоа во нив се повикува на член 11 од Законот за помилување и всушност тука е направена катастрофална грешка, која во никој случај не смеел да си ја дозволи со оглед дека овие одлуки тој ги носи во месец април 2016 година, а наведениот член 11 е избришан во 2009 година, кога влегува во сила Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување.

Со самото тоа тој ги носи одлуките врз основа на непостоечки член, што значи дека воопшто не постоел правен основ за донесување такви одлуки, па логично е дека не можат да произведуваат правно дејство.

Да посочам дека претседател може да дава помилување на поименично определени лица, но неговите одлуки се однесуваат секоја поодделно за повеќе лица, а се работи за поединечни акти, а беа опфатени 56 лица. Проблематични се и решенијата за секое лице поодделно, кои не се објавени во Службен весник и во нив се констатира фазата на постапката, за кое кривично дело се товари лицето и се наведува соодветната одредба од Кривичниот законик, па впечатокот е дека сакал да ги исправи неправилностите на одлуките, вели Кацарска.

Таа потсетува дека никогаш не се дозна кој му ги дал тајните податоци на Иванов, во однос на предметите.

-Колку што се сеќавам, тој се повикуваше и на некои бројки, односно ознаки на предметите и остана неодговорено прашањето од каде тој ги знаеше ознаките или поточно кој му ги кажал, дали е тоа некој од судот или од обвинителството, а знаеме дека постапките во таа фаза се тајни. Со секоја правна логика се косеа и помилувањата за сведоци и лица за кои воопшто не се водеше никаква постапка. Конечно, согласно чл.51 ст.2 од Уставот, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, што значи и претседателот е должен да ги почитува нив, вели претседателката на Уставниот суд.

На прашањето пак дали Иванов требало да биде кривично гонет, Кацарска вели:

-Сметам дека институциите што требаше да се занимаваат со овие задачи не одговорија на нивната надлежност затоа што законите мора да важат еднакво за сите.

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе му ја отвори ли можноста Добрила…

Македонија се наоѓа пред нова Уставна криза…

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер…

Хенри Кисинџер важи за комплексна и контроверзна…

Чомовски, Тричковски и Иванов: Оркестрирано сите yдpија…

Никола Димитров си стави мета на грбот…