Карачиќ: Не сум тажен, пресреќен сум – за ова може книга да се напише
Поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ принудно влезе во хрватската репрезентација на ова Светско првенство и имаше шанса на најдобар начин да се прости од репрезентацијата.
Карачиќ вели дека не е тажен поради поразот во финалето, напротив, тој е среќен поради големиот успех на Хрватска и освоеното второ место.
„Не сум тажен воопшто. Ми беше преубаво сите овие денови да го делам теренот, соблекувалната и хотелот со овие момци. Пресреќен сум. Можеби можеше чувството да биде уште подобро на крајот, но не можев да посакам нешто поубаво од простување со медел и мирно да ја оставиме репрезентацијата на овие момци“, рече Карачиќ по мечот.
„Секоја медела ми е драга, но на оваа не се надевав. Се водеше кон тоа дечките да одат без мене. Но ме викнаа и дојдов. За ова што се случуваше може книга да се напише. Најважно е дека во Хрватска завршивме онака како што сакавме, со победи го завеселивме нашиот народ“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…