Касами: Албанците немаат крв за пролевање за некој да стане милионер

t

„Не, Албанците немаат крв за пролевање, за да може некој да стане милионер“, вака денеска дел од медиумите на албански јазик во Македонија ја пренесуваат изјавата на градоначалникот на Тетово и членот на ВЛЕН, Биљал Касами кој го прокоментирал ставот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети од пред неколку дена, кој рекол дека „ВМРО нема мандат да ги понижува Албанците од Македонија“.

Касами очекува Европскиот фронт да биде конструктивна опозиција.

„Се надеваме дека ДУИ и коалицијата ќе бидат конструктивна опозиција во вредностите во кои ние веруваме, резултатите на Владата се директно зависни од тоа колку е консолидирана и силна опозицијата. ДУИ ги има бројките, се надеваме дека и волјата ќе ја имаат за да бидат конструктивна силна опозиција, коректор на власта. Со тоа да граѓаните да можат да имаат придобивки од една власт која ќе работи за нив“, додал Касами во својата изјава пред новинарите.

Инаку, пред два дена на прославата на 22-годишнината од формирањето на ДУИ во гостиварска Долна Бањица, Ахмети испратил уште една порака дека ВМРО-ДПМНЕ има мандат да ја води извршната власт, но нема мандат да прави селекции и да ги понижува Албанците во Македонија. Тој изразил уверување дека заедно со меѓународните центри на одлучување ќе ја надминат и оваа конфронтација.

„Оваа конфронтација не е потешка од онаа во 2001 година, не е потешка од конфронтацијата што ја имаме со земјите од регионот. Но, мора да престанеме со болните амбиции на политичката партија – на која не и го ускратуваме мандатот да ја води извршната власт, но таа нема мандат да прави селекции и да ги понижува Албанците во Македонија. Албанците имаат толку крв во Северна Македонија за да одлучат за себе“, порачал Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВРЕДИ: Очекуваме Минчев да ги поништи огласите…

Кадрите на ЗНАМ имаат погрешна проценка дека…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора…

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора…