Касами: Вреди нема да го поддржи Таравари за изборот на градоначалници
Претседателот на Движење Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами, оцени дека нема да има криза во владината коалиција по одлуката на Алијанса на Албанците на Таравари самостојно да оди на изборите за совети на општините. Од друга страна дефинитивно нема да има соработка на коалицијата „Вреди“ со АА на Таравари на локалните избори за градоначалници.
– Тоа поглавје е затворено, а ние како коалиција „Вреди“ одлучивме да одиме заедно со градоначалници и со членови на советот и советници, а што се однесува до владина криза, нема таква можност, Владата има стабилно мнозинство. И самиот Таравари кажа дека не е подготвен да излезе од владината коалиција, изјави денеска од Тетово, Биљал Касами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
Таравари: Одиме со посебни советнички листи и…
Засега имаме сигурна одлука дека одиме со…
Касами најави ДВОЈАЗИЧНИ БАНКНОТИ: Гаши воведе двојазична…
„Талат Џафери ги испраќаше документите до пратениците…
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…