Касами за службените возила на Фетаи и Меџити: Сигурно имале некој службен состанок, не верувам дека се состанале за политички работи без мене
Градоначалникот на општина Тетово и еден од лидерите на владејачката коалиција ВЛЕН Билал Касами, за користењето на службените возила од страна на вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити и на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, вели дека тие биле на некој состанок во служба на позицијата што ја носат.
Касами, како што рече, не верува дека Меџити и Фетаи се состанале за политички работи без да биде и он присутен.
„Јас не знам за каков состанок се работи, не знам ни дали биле по партиски цели зошто не сум бил јас дел од таков состанок, бидејќи двајцата се дел од Владата можеби тука или негде во близина биле на некој состанок во служба на позиција што ја носат. Со тоа што јас не сум бил дел од таа средба, не верувам дека се состанале за политички работи без да бидам јас присутен“, рече Касами.
Откако објективот на „360 степени“ ги забележа службените возила на Фетаи и Меџити прашавме и во Министерството за животна средина и во кабинетот на вицепремиерот за добро владеење какви службени обврски имале вицепремиерите во 23 часот. Оттаму не ни одговорија. Одговор не добивме ниту од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Касами за службените возила на Фетаи и…
Градоначалникот на општина Тетово и еден од…
(Видео) Десетина пензионери со знамето на Вергина…
Група пензионери биле презадоволни од премиерот. Тие…
Автопатот Скопје-Тетово затворен во двата правци
Автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен…
Трајковски: Школски пример за вештачко зголемување на…
Став на Проф. д-р Дејан Трајковски –…
Државјани на Чешка неовластено снимале со дрон…
Државјани на Чешка, неовластено снимале со дрон…