Касами информира дека има над 130 пријавени случаи на штети направени и од пожарот и од поплавите

t

Градоначалникот Биљал Касами информираше дека има над 130 пријавени случаи на штети направени и од пожарот и од поплавите.

– Од тие 97 се поплавени куќи и подруми, а другите се оштетени јавна инфраструктура, институции и земјоделски парцели. Бидејќи немаме одговор дали ќе има владина комисија за штети, немаме таква информација, не чекаме од Владата и од понеделник ќе излезат на терен општинска комисија и ќе имаме информации колку се штетите, изјави Биљал Касами.

Исто така општината ќе почне со интензивна дезинфекција и чистење на укиците.

– Што се однесува на чистење и дезинфекција, информираме дека во рамки на Општина со свои капацитети е направено тоа.Чекавме но немаме одговор од Владата во кој дел тие ќе се вклучат. ЈКП и пожарната поинтензивно ќе го продолжат тој процес на чистење и дезинфекција. Ќе се справи Општина Тетово со сите последици од поплавите, рече Касами.

Тој информираше дека по наредба на јавен обвинител е направен увид на местото од пожарот и се чека информација за причини за опожарување на фабриката.

– Фабриката е под надзор, материјалите не можат да се тргнат од таму се додека не се дознаат причините за пожарот. Владата е навремено информирана но нема одговор во кој дел Владата ќе излезе во пресрет. Ние очекуваме дека ќе помогне, и со заеднички сили да се справиме со ситуацијата, изјави Касами.

На состанокот ТППЕ Тетово известиле дека состојбата е стабилна, но во интервенцијата на пожарот претрпеле сериозна материјална штета, а голем дел од вработените се соочиле со здравствени проблеми.

– Од Центарот за јавно здравје Тетово, најавија детални анализи на крвта на сите пожарникари за да се утврди нивната здравствена состојба. Од општинскиот инспекторат известија дека заедно со државниот инспекторат за животна средина излегле на терен и ги направиле потребните проверки поврзани со животната средина, потенцираа од Кризниот штаб.

Од Секторот за комунални дејности известуваат дека поплавите предизвикале значителни проблеми во патната инфраструктура, но започнале интервенции за санирање на истите, како што се улица „146″ и патот од Шипковица до Бродец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…