Касами: Историската неправда кон Албанците од страна на претходните влади конечно заврши

t

„За две години инвестираме 300 милиони евра во локални проекти — нешто што ниту една влада досега не го сторила, како што тоа го правиме ние. Второ, албанските општини низ цела Западна Македонија и Скопје, кои децении беа оставени на маргините, денеска добиваат над 30% од вкупните средства. Затоа, со целосна одговорност велам дека историската неправда кон Албанците од страна на претходните влади конечно заврши. Трето, ова е концепт што покажува дека конечно имаме влада која се грижи за граѓаните, гради и решава проблеми. Се гради во Тетово, се решаваат наследени проблеми, истото се случува и во Липково, Гостивар, Струга — насекаде каде што живеат Албанци. Ова никогаш досега не се случувало“ рече денеска на прес-конференција Биљал Касами – градоначалник на Тетово и лидер на Движењето Беса кое е дел од Коалицијата ВРЕДИ.

Според него, општините каде што живеат Албанци во Македонија конечно ја добиваат својата артерија на развој и поддршка од државниот буџет. Првпат, Албанците ги претставува коалиција која одлучува за нивните права. Да зборуваме отворено: со ВЛЕН се гради од Липково до Струга, од Чаир до Долнени, каде што, за жал, со години гледавме само политички знамиња и хаос во реалноста. Без поделби – секоја општина е важна, секој граѓанин вреди за нас“.

„Во нашиот речник нема политички поделби – инвестираме во секоја општина, без разлика на политичките убедувања на локалните власти. Затоа нема граѓани од прва и втора класа. Нашата цел е заедничка и ќе ја постигнеме за сите. Веќе работиме – багерите се на терен, а не во разубавени видео-презентации, како што се правеше во минатото. Освен инфраструктурата, овој програм носи локален економски развој: нови работни места, поголема побарувачка за градежните компании, зголемени приходи за малите бизниси што ги снабдуваат градилиштата. Решаваме наследени проблеми од минатото!“ порача Касами.

Порача: „Времето на празни ветувања заврши. Времето за конкретни резултати започна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами најави ДВОЈАЗИЧНИ БАНКНОТИ: Гаши воведе двојазична…

„Талат Џафери ги испраќаше документите до пратениците…

Левица: Касами повика на рушење на уставниот…

Првиот човек на Движењето Беса и актуелен…

Левица: Касами ќе го реновира стадионот во…

„Во јули 2016 година, ‘Еколог интернешнл’, сопственикот…

Kaсами: Идната влада ќе има капацитет за…

Градоначалникот на општина Тетово и лидер на…

Мицкоски на средба со Касами: Македонија се…

За мене претставува посебна чест и задоволство…