Објавено на:

Катар: Израел и „Хамас“ се сè поблиску до договор

t

Можен договор меѓу Израел и Хамас, тврди Катар. Прекин на огнот во Газа не е мир, војната треба да заврши засекогаш, порача Бајден. Болницата „Ал Шифа“ е „зона на смртта“, предупреди Светската здравствена организација.

Катар тврди дека е можно постигнување договор со Хамас за ослободување на заложниците, за возврат-прекин на израелскиот оган.

„Луѓето страдаат од глад, недостига струја, чиста вода, гориво-најважните работи, кои не треба да бидат ирелевантни за самиот договор, и ако тоа значи олеснување на договорот, се надеваме дека тоа и ќе се случи што поскоро“, изјави Мохамед Бин Абдулрахман Бин Џасим Ал-Тани, премиер и министер за надворешни работи на Катар.

Шефот на европската дипломатија Борел смета дека не треба да се лекуваат симптомите туку да се решат причините.

„Обезбедувањето хуманитарна помош е од суштинско значење, но тоа е справување со симптомите. Нема значење доколку денес добиеш храна, а утре бидеш убиен. Потребно е справување со причините. Решението со две држави е единствениот остварлив излез“, изјави Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи.

Израелската офанзива се проширува на исток. Командантите на Хамас бегаат на југ – тврди израелскиот министер за одбрана.

„Има се помалку места каде што терористите на Хамас можат да дејствуваат. Тие на југот од Појасот наскоро ќе го дознаат тоа“, изјави Јоав Галант, министер за одбрана на Израел.

Офанзивата ќе продолжи сè додека Хамас не биде поразен – изјави премиерот Нетанјаху. Признава дека постои силен меѓународен притисок за ставање крај на израелската војна.

„Привремен прекин на огнот е возможен, но само во замена за враќање на заложниците“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Палестинскиот претседател Абас го повика американскиот колега Бајден лично да интервенира за запирање на војната во Газа.

„Оваа војна мора веднаш да се прекине. Како може овој геноцид да се оправда како самоодбрана? Во реалноста, тоа се воени злосторства кои заслужуваат казна“, изјави Махмуд Абас, претседател на Палестина.

Бајден ги отфрли повиците за прекин на огнот. Смета дека сè додека Хамас се придржува до својата идеологија на уништување, прекинот на огнот не е мир туку купување време за терористите да ги наполнат резервите. Болницата „Ал Шифа“ во газа и натаму останува горлив проблем. СЗО понуди помош за евакуација на објектот додека израелската војска и натаму собира докази против Хамас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…