Катар се заканува дека ќе ја запре испораката на гас за Европската унија
Катар се закани дека ќе ја запре испораката на гас за Европската унија доколку земјите-членки строго ги применат новите закони што наметнуваат казни за компаниите кои нема да ги исполнат критериумите за емисиите на јаглерод, човековите права и работничките права.
Катарскиот министер за енергетика Саад ал-Каби изјави за Фајненшл тајмс во интервју објавено денеска дека доколку некоја земја од ЕУ наметне казни за непочитување на скалата спомената во директивата за корпоративна длабинска анализа, Доха ќе престане да ги снабдува со течен природен гас.
Директивата, одобрена оваа година, бара од големите компании кои работат во ЕУ да проверат дали нивните добавувачи користат принудна работа или предизвикуваат еколошка штета и да преземат мерки против таквите практики.
Казните би изнесувале до пет отсто од глобалниот промет.
Каби, извршен директор на државната нафтена компанија Катар енерџи, рече дека ЕУ треба темелно да ја разгледа директивата.
Директивата е дел од поширокиот пакет барања за усогласување на компаниите со амбициозната цел на ЕУ за постигнување нулта емисија на јаглерод до 2050 година. Но, многу компании се побунија, и внатре и надвор од ЕУ, жалејќи се дека правилата се премногу строги и ги ставаат во неповолна положба
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…