Катастрофа: Вардар умира без вода

t

Гостиварци се сведоци на еколошка катастрофа и умирање на живиот свет во Вардар. Нискиот водостој, (на одредени делници нема проток на вода) го исуши коритото на реката. Глетката е драматична особено на делот по кејот. Се гледаат умрени риби и се шири непријатна миризба. Некои сограѓани ни јавија и испратија фотографии дека пред извесно време имало и помор на рибниот свет.

Што придонесува за состојбата?? Спој на неодговорност на надлежните институции и климатските фактори. Градежна компанија побарала од ЕСМ (компанија која управува со хидроцентралите) да го сопре протокот на водата додека се заврши со стабилизирање на столб за мост. Тоа треба да биде околу две недели од 15.09 до 30.09 2025.

Концесионерот кој се грижеше за рибниот фонд не доби нов договор, па така повеќе од една година за водите и животот во нив се грижи државата. Поголем проблем создава и сушната година која придонесува за намаленото количество на вода во реките ја дава сликата на Вардар како за поток.

Со еден збор кажано: КАТАСТРОФА!!!

Извор: Радио Гостивар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катастрофа: Вардар умира без вода

Гостиварци се сведоци на еколошка катастрофа и…

СДСМ: Со Мицкоски нема судски реформи, неговата…

Знае ли Мицковски што е независно судство…

Мицкоски чувствувал мачнина по условната пресуда за…

Чувствувам мачнина кога обвинители и судии ќе…

Калас: Признавањето на Палестина нема да ја…

Подобрувањето на хуманитарната ситуација на Газа на…

Тошковски: Корупција има и во редовите на…

На научната конференција во организација на Факултетот…