Катастрофа: Над 20.000 земјоделски семејства ќе останат без приход доколку не се најде атернатива на рускиот и украинскиот пазар
Оваа новонастаната ситуација во светот дополнително ќе ја влоши ситуацијата во Македонија и македонскиот аграр. Македонија околу 20 милиони евра има извоз на земјоделски производи во Русија и Украина. Тие 20 милиони евра опфаќаат голем број на земјоделски семејства во Македонија кои егзистираат од земјоделство, изјав Цветан Трипуновски претседател на Комисија за земјоделство шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител.
Трипуновски истакна дека станува збор за голем број семејства и владата досега требаше да обезбеди алтернативни пазари.
-Тоа се семејства од струмичкиот регион, Росоман, Градско и Преспа со јаболката, кои извезуваат раноградинарски или овошни култури во овие две земји. Ситуацијата во Украина дополнително ја загрозува нивната егзистенција во наредниов период. Од ова производство дел останува за домашни потреби, но има сериозни количини кои се за извоз. Досега владата требаше да обезбеди алтернативни пазари за овие земјоделски култури, исткна Трипуновски.
Тој вели дека се работи за сериозни количини како на пример во преспанскиот регион има 150 до 180 милиони килограми јаболка кои се произведуваат и ако не е рускиот пазар може да остане непродадено.
– Сега на прагот е пролетната зелка во југоистокот, која традиционално се извезува во овие земји, за десетина земја ќе има наплив на колични и ако се стопирани во Русија и Украина ќе има серозен проблем, некои 20.000 семејства може да останат без приход, рече Трипуновски.
Трипуновски вели дека македонското земјоделство има доволен капацитет да ги покрие домашните потреби на сите стратешки култури, но погрешните политики на владата изминативе години доведе до ситуација да нивите се напуштаат и да останат необработени со што производството се намалува.
„Во 2016 година сме произведувале пченица на 79.000 хектари, од нив имало принос 306.000 тони пченица, а во 2021 година има 10.000 хектари помалку и принос од 246.000 тони, што значи дека во овој период производството се намалило за 60.000 тони пченица, потенцираше Триповски.
Тој истакна дека политиката која ја води владата е без компас, мерките кои ги носи или се задоцнети или се без ефект во моментов.
„Министерството и владата требаше да распишат оглас за сето слободно државно земјоделско земјиште за да ги стимулира земјоделците да произведуваат култури кои се стратешки за Македонија. Гледаме дека министерството на почетокот на годината поништи два повици на нкои имаше над 1500 апликанти заинтересирани, и нема реобјавено оглас. Ние традиционално последниве неколку години откако СДСМ е на власт очекуваме некој друг да ни помогне, молевме за вакцини, сега молиме за пченица“, нагласи Трипуновски.
Тој изјави дека владата има и контрадикторни изјави, Бектеши рече дека нема потреба од увоз, за да неколку ден подоцна Николовски фо демантира и змаина во Србија да моли за пченица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги…
Електрични и трактори на водород на Меѓународен…
Темата на овогодинешниот Меѓународен саем за земјоделство…
(Видео) Мециновиќ: Аграрни кооперативи, бескаматни кредити, загарантиран…
Носителот на пратеничката листа на Левица во…
Во новиот мандат на СДСМ 1,35 милијарди…
СДСМ во новиот мандат обезбедува историски највисока…
Николовски: Нека е аирлија, рекордни 100 денари…
Денеска на сметките на околу 14.300 тутунопроизводители,…