Објавено на:

Катастрофите ги зближија Грција и Турција

t

По пожарот на Родос и уште неколку острови, Турција беше една од првите кои ѝ дојдоа на помош на Грција со цел да ја ограничи огнената стихија која беснее со денови. Вака продолжи „вонредната дипломатија“ меѓу двете соседни земји, која започна во февруари годинава, кога разорниот земјотрес ја погоди југоисточна Анадолија, кој однесе повеќе од 50.000 животи.

Турција е меѓу првите земји кои сега и помогнаа на Атина. Испративме два специјални авиони и хеликоптер“, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган и нагласи дека неговата земја ќе продолжи да и помага на Атина во гаснењето на пожарот.

Премиерот Кирјакос Мицотакис и се заблагодари на Анкара за помошта, објавија турските медиуми. Овој случај потврдува дека соседните земји се „осудени на соработка“, колку и да се нарушени нивните односи, како што тоа е случај меѓу Грција и Турција со децении. Кога на 6 февруари годинава разорниот земјотрес погоди десет провинции во југоисточна Анадолија, Грција прва ѝ пријде на помош на Турција.

Министерот за надворешни работи Никос Дендиас беше првиот висок странски политичар кој го обиколи опустошеното подрачје, придружуван од домаќинот. По тој повод тој се сретна и со членовите на грчкиот спасувачки тим кој работеше на расчистување на урнатините и спасување затрупани граѓани.

Новата клима во односите меѓу Турција и Грција можеше да се почувствува и на неодамнешниот самит на НАТО, кој се одржа на 11 јули во Вилнус, Литванија. И покрај најавите и очекувањата, лидерите на двете соседни земји Ердоган и Мицотакис зборуваа на маргините на таа средба иако со месеци пред тоа не сакаа да се видат.

„Средбата помина во добра атмосфера. Лидерите на двете земји се согласија дека во иднина треба да се одржуваат чести контакти на сите нивоа за да се создаде клима на взаемна доверба, што на крајот може да доведе до нормализација и подобрување на односите“, беше соопштено во Анкара.

Претседателот Ердоган минатата година се закани дека повеќе не сака да го гледа Мицотакис затоа што водеше кампања Америка да не и продава воени авиони на Анкара, бидејќи ги користи за да им се заканува на соседните земји, вклучително и Грција.

По победата на мајските претседателски избори, Анкара јасно сфати дека мора да ги нормализира многу нарушените односи со земјите од НАТО и ЕУ, за Турција да не остане на периферијата на меѓународните настани. Особено што Ердоган не воведе санкции кон Русија и често е во контакт со Владимир Путин. Сигурно нема да помине брзо и без нови конфликти, бидејќи двете соседни земји со години имаат „црвени линии“ за многу прашања: решението на кипарскиот проблем, разграничувањето во Медитеранот, положбата на грчкото и турското малцинство.

Анкара сега преку Грција се обидува да го отвори патот за подобрување на односите со ЕУ, кои беа „на мраз“ поради прогонот на граѓаните и кршењето на човековите права по обидот за пуч во 2016 година. Во Брисел тоа го оквалификуваат како пресметка со „политичките противници“ со цел Ердоган да ја зацврсти својата позиција во земјата, што му помогна да победи на неодамнешните парламентарни и претседателски избори. Тој тоа го негира и бара заживување на пристапните преговори со ЕУ, кои не напредуваа од почетокот, иако беа отворени во 2005 година, на истиот ден како и со Хрватска, која веќе десет години е полноправна членка на европското семејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Грција ќе се отворат дополнителни центри…

Дополнителни пет центри за вакцинација против мпокс…

„Фајненшл тајмс“: Русија може да изврши нуклеарен…

Русија ја обучила својата морнарица да насочува…

Младо момче избоде пет лица пред џамија…

Напаѓач во Турција (18 годишен) избодел пет…

Драматични слики од Грција: Пожарот зафати околу…

Пожарникарите во Грција повеќе од 24 часа…

ЕУ на помош во Грција – пожарите…

Европската унија денеска соопшти дека четири земји-членки…