Катерина Цаневска – носител на советничката листа на СДСМ за Град
Катерина Цаневска е изборот на СДСМ за носител на советничката листа за Град Скопје на претстојните локални избори, изјави за „Слободен печат“ лидерот на партијата Венко Филипче. Според него, СДСМ има, како што вели, навистина добра листа за советници на град Скопје.
– Тоа се луѓе кои имаат и знаење и искуство и се докажани во своите области, во сферите коишто се битни за функционирањето на градот, како урбанизам, архитектура, понатаму образование… А за носител на градската листа ја планираме госпоѓата Катерина Цаневска, којашто е искусен, прво човек, понатаму новинар со долгогодишно искуство во скопската хроника, искусна во соработката со локалната власт и мислам дека е човек кој што има кредибилитет да излезе пред граѓаните со програмата – вели Филипче во интервјуто за „Слободен печат“ што ќе биде објавено утре.
Тој се надева дека граѓаните ќе ѝ ја дадат довербата затоа што таа, додава тој, ќе може да го предводи тимот којшто таа програма ќе ја исполни за Скопје конечно после 4 години со ВМРО-ДПМНЕ да заличи на град.
Инаку, Цаневска беше долгогодишна новинарка во МРТВ и во А1 телевизија, а потоа беше одговорна за односи со јавност во Општина Центар кога градоначалник беше Андреј Жерновски, како и во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катерина Цаневска – носител на советничката листа…
Катерина Цаневска е изборот на СДСМ за…
Јаневска: Потрошивме 11 милиони евра на учебници,…
Учебниците законски се менуваат на пет години,…
Петровска: Власта намерно прави деловнички грешки со…
Потребен е надзор над работата на Агенцијата…
Кривична пријава за нотар и уште едно…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе…
Левица ги објави кандидатите за градоначалници во…
Денес Левица го најави вториот бран кандидати…