Катимерини: Грција да не дозволи Софија да го вовлече Скопје во нејзините геополитички планови
Енергијата деновиве е, меѓу другото, моќна алатка за влијание: ако Грција не испрати гас во Македонија, тогаш наскоро Софија ќе може да го продаде својот вишок, вовлекувајќи го Скопје во нејзините геополитички планови. Дали го сакаме ова, пишува во колумна на грчкиот весник „Катимерини“.
Во текстот на авторот Ставрос Ѕимас се потенцира дека почетокот на комерцијалната работа на интерконекторот Грција-Бугарија (ИГБ), кој носи природен гас од Грција до Бугарија, беше олеснување за Македонија.
-Создаде чувство на сигурност во општеството дека домаќинствата нема да замрзнуваат во зима, а во исто време постои алтернатива на смртоносната енергетска прегратка на Русија која веќе ги затвори славините. ИГБ ја менува енергетската карта на Балканот. Сега се појавува можноста регионот уште повеќе да се поврзе со енергетските мрежи на Југоисточна и Централна Европа и да стане центар, со функционирањето на вториот гасовод од Солун до Македонија, се вели во колумната.
-Атина и Скопје го потпишаа соодветниот договор во септември 2021 година во Солун, во присуство на американскиот амбасадор, што ја нагласува геополитичката важност на проектот. Врз основа на договорот, гасоводот се очекува да се протега на 123 километри од Неа Месимврија до Неготино, преку пограничните градови Евзони и Гевгелија, поврзувајќи ги националните системи за пренос на гас на Грција и Македонија, се додава во текстот.
Ѕимас пишува дека „Грција не смее да си дозволи да биде незагрижена или колеблива за економската, а особено националната изводливост на таков проект со Македонија“.
-Да не си пукаме пак во нога. Развојот на енергијата е брз. Русија се обидува да ја претвори Турција во дистрибутивен центар и да ги врати пазарите во Југоисточна Европа во своето енергетско столче додека тие пазари се борат да станат независни. Грција ја бара и улогата на енергетски играч и ако навистина ја сака таа улога, треба да ја активира и оваа втора порта за природен гас на Балканот, гасоводот со Македонија, пишува во „Катемерини“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Силен земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…