Катица Јанева наполни 57 години во затворот Идризово: Среќна е онаа жена, која сама одлучила да биде среќна

t

На поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денес и е роденден и таа наполни 57 години. Роденденот го дочекува во затворот Идризово, каде ја издржува казната од седум години за случајот ,,Рекет”, поради злоупотреба на службената положба и овластување, пишува Фокус.

Поради тоа што веќе одлежала една третина од затворската казна, на 31-ви декември лани таа беше пуштена во родната Гевгелија, да ги дочека празниците со семејството, а потоа на втори јануари повторно беше вратена во затворот.

Токму во тој период, додека беше во семејната куќа во Гевгелија, Јанева по подолг период се огласи на социјалните мрежи, со мудра мисла – Денес слушнав една прекрасна реченица. Ја прашале една жена, зошто сте вие толку среќна? А таа им одговорила, затоа што така одлучив!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кралот Чарлс ден пoрaно го прослави 75-тиот…

Трпезата за забавата беше дело на готварскиот…

Катица Јанева наполни 57 години во затворот…

На поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева…

(Фото) Ахмети славеше роденден, еве каква торта…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денес го…

(Фото) Катица Јанева ни честиташе Нова Година…

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева празниците…