Католичката црква во Хрватска годинава од куќен благослов би можела да заработи 17 милиони евра
Од вчера (Св. Стефан/ Štefanje/ Stjepandan) во повеќето жупи во Хрватска почна благословувањето на куќите кое трае генерално до 6 јануари и се очекува Католичката црква во таа држава да заработи повеќе од лани, јавија хрватски медиуми.
Во една жупа во Славонија, Надбискупијата пропиша надоместот на верниците да изнесува 30 евра по брачен пар. Ова е т.н милостина што се плаќа на црквата и нема врска со благословот. Многу луѓе го плаќаат тоа во времето на семејните благослови, јавија хрватски медиуми.
Друга славонска жупа, онаа во областа Славонски Брод, во упатството за благослов на куќи им се заблагодарува на верниците „за подарокот што ќе им го дадете на свештеникот и неговиот помошник од црквата“.
„Овој подарок не оди за свештеникот, туку за потребите на црквата. Ништо не должите, затоа ви благодариме за вашата чувствителност во поддршката на црквата“, им порачаа од жупата на верниците.
Во изјава за хрватски медиуми дел од граѓаните наведуваат дека ќе ддаат помеѓу 20 и 30 евра.
За време на тие десет дена благословување на куќите, Црквата ќе има пристоен профит.
Според последниот попис, во Хрватска има околу три милиони католици или 79 отсто од вкупното население. Според истиот попис, секое домаќинство брои во просек по 2,7 члена.
Ако може да се верува на статистиката, во Хрватска има околу милион католички домаќинства – се претпоставува дека околу две третини од домаќинствата ќе добијат благослов (случај во претходните години).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пандев: Не смееме да си дозволиме да…
Maкедонската фудбалска репрезентација во последниот период зад…
Католичката црква во Хрватска годинава од куќен…
Од вчера (Св. Стефан/ Štefanje/ Stjepandan) во…
Гвардиола: Очекував да паднеме, ама не и…
Екипата на Манчестер сити се наоѓа во…
Еве каде Нова година и Божиќ се…
Саудиска Арабија Забраната на божиќните и новогодишните…
Само два месеци траеше љубовта меѓу Балотели…
Италијанските медиуми најавуваат дека Марио Балотели ќе…