КАФЕТО ПОСКАПУВА: Виетнамците се откажуваат од производство

t

Поскапува кафето на берзите.

Глобалната цена на сировото кафе сега е на „највисоко ниво на сите времиња“, а ќе продолжи да се зголемува поради комбинацијата на проблематичните услови за производство. Од Меѓународната организација за кафе информираат дека извозот на кафето „робуста“ од Виетнам во јуни е преполовен во однос на јуни претходната година, а залихите на сортата се „речиси исцрпени“.

Цената на сировото кафе на берзите во Лондон за сортата „робуста“ и Њујорк за сортата „арабика“ порасна дури 5 пати од јануари 2016 година до почетокот на септември годинава.

Сега сите се свртени кон Бразил каде се очекува пролетната жетва која зависи од дождовите од годинава. Бразил има проблеми со производството на кафе поради климатските промени. Во 2021 година, необичен мраз ги уништи посевите на кафе во Бразил, најголемиот светски производител на „арабика“. Од тогаш купувачите се свртија кон Виетнам, Колумбија, Етиопија, Перу и Уганда каде што се произведува сортата „робуста“ што вообичаено се користи во инстант мешавини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СУШНО ЛЕТО: Како земјоделците да се прилагодат…

Годинава имаме сушно лето, а тоа им…

ВЛАСТА СМИРУВА: Минималецот ќе се зголеми во…

Од власта потсетуваат дека идната година минималецот…

КАФЕТО ПОСКАПУВА: Виетнамците се откажуваат од производство

Поскапува кафето на берзите. Глобалната цена на…

БОГАТИТЕ БЕГААТ ОД ОВИЕ ЗЕМЈИ – еве…

Во годишниот извештај за глобалната распределба на…

ШТО МОЖЕ ДА СЕ КУПИ ВО ОХРИД…

Српска блогерка Милица на „Тик ток“ го…