Кацарска длабоко загрижена: Уставниот суд без уставни судии
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска испрати писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери во кое изрази загриженост за состојбата со намалениот број на судии и побара Џафери да го заложи својот авторитет и во Собранието да се изберат нови четворица уставни судии во најскоро време.
Во прилог, содржината од писмото и PDF форма потпишано од претседателката Добрила Кацарска:
Почитуван г. Џафери,
Ви се обраќам во мое лично име и во име на судиите на Уставниот суд за прашање коешто е во интерес на сите граѓани кои очекуваат владеењето на правото да биде врвен приоритет во општеството.
Уставот ја дефинира Република Северна Македонија како парламентарна демократија во којашто поделбата на државната власт е темелен принцип, а Уставниот суд како орган на Републиката ја штити уставноста, законитоста и човековите слободи и права.
Од тие причини, Ви се обраќам да Ве информирам за ситуацијата во која се наоѓа Уставниот суд и неговото отежнато функционирање во последниот период со само петмина судии, иако Уставот предвидува полниот состав на Судот да биде со девет судии.
Ова има влијание при одлучувањето кога често се случува предлогот да не го добие потребното мнозинство, поради што во моментот за 16 предмети не може да се донесе одлука поради недоволно мнозинство. Покрај ова, морам да напоменам дека пред Судот треба да се разгледуваат предмети кои се од врвен интерес за државата, а за кои е потребно да се одлучува во полн состав со што одлуките би имале поголема тежина.
Верувам дека сте информиран за оваа ситуација и се надевам дека веќе се бара решение за избор на нови четворица уставни судии. Затоа, Ви се обраќам лично да го заложите Вашиот авторитет како претседател на Собранието и заедно со Вашите колеги да изберете нови уставни судии.
На крај, дозволете ми да изразам надеж дека Вие и пратениците непосредно избрани од граѓаните, ќе се вложите максимално за процесот на предлагање и избор на судии да се заврши што поскоро со што би се зачувала функционалноста на Уставниот суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе му ја отвори ли можноста Добрила…
Македонија се наоѓа пред нова Уставна криза…
Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…
Таткото на Вања попладнево e донесен во…
Судот на ЕУ ја одобри забраната за…
Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…
Зеќири се расплака во завршните зборови на…
Во завршните зборови на судењето против поранешниот…
Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…
Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…