Кацарска: Ништо не се губи ако се внесат Бугарите во Уставот
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека нема ништо да се загуби ако се внесат Бугарите и другите народи во Уставот.
Коментирајќи за постапката за внесувањето во Уставот, кажа дека не треба да им се попречува на младите и на другите граѓани да им биде полесен животот со тоа што државата ќе влезе во ЕУ.
„За граѓаните да разберат, треба да знаеме друго. Да се нагласи дека Македонија е држава на македонскиот народ и на сите останати народи кои се наведени во Уставот. Лошо би било кога Македонија е држава на македонскиот или на бугарскиот народ, тогаш да. Но ние кога имаме во самиот Устав дека ова е држава на Албанци, Срби, Власи, Бошњаци и другите, што губат граѓаните ако бидат внесени и бугарскиот народ? Можеби поради што односите меѓу двете земји е таков, но лично мое мислење е да не се блокира државата, ниту да им се попречува на младите и на другите граѓани. Што се губи тука? Во овој момент нема ништо спорно ниту ништо противуставно да може да се попречи измената на Уставот“, рече Кацарска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!
Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…