Кацарска: Секој може да збори што сака, критиките не допираат до мене
Не очекувам дека многу брзо ќе се изберат уставни судии, но сепак се надевма дека совеста ќе проработи кај пратениците и дека конечно ќе се изберат судии и ќе го комплетираат судот кој е битен за оваа држава, вели претседателка на Уставниот суд, Добрила Кацарска, институција која се соочува со недостаток на судии.
Таа порача дека партиска политика во изборот на уставни судии не треба да има, туку уставен судија треба да биде добар правник со интегиртет, да одолее на било какви притисоци и кога работи предмети да не размислува дали неговата одлука одговара на оваа или онаа гарнитура.
За притисокот врз судиите, таа вели дека нема држава во светот каде политичарите не сакаат да влијаат врз судиите. – Политичарите не ги обвинувам никогаш, вината ја барам кај судиите, не може судија да си дозвили да влијаат на него, вели Кацарска која смета дека сега судиите се послободни во нивното одлучување.
Таа упати критики до судиите и вели дека не може актуелни предмети да чекаат за пресуда. -Не можеме да зборуваме за ажурно судство ако за некои предмети за кои е заинтересирана јавноста се судат со години. Судиите не треба да ги одлагаат предметите, бидејќи со протекот на работното време не завршува нивната работа. Треба да има поголема динамика, почести закажувања, вели Кацарска.
Таа порачува дека не допираат критиките до нејзе, може секој да зборува што сака“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе му ја отвори ли можноста Добрила…
Македонија се наоѓа пред нова Уставна криза…
Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…
Таткото на Вања попладнево e донесен во…
Судот на ЕУ ја одобри забраната за…
Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…
Зеќири се расплака во завршните зборови на…
Во завршните зборови на судењето против поранешниот…
Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…
Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…