Кај Демир Капија во патничко возило откриени 14 мигранти
На 29.09.2022 во 00.30 часот на автопатот А1, кај клучка Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на патничко возило „форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, кои биле украдени, но возилото не застанало и продолжило со движење.
Набргу, возилото било сопрено, а возачот го напуштил местото. При преглед во возилото биле пронајдени 14 лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија за понатамошна постапка.
Увид извршила екипа од Полициската станица Неготино, а за настанот бил известен Јавен обвинител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Обвинителството започна постапката по првата пријава…
Основното јавно обвинителство ја започна постапката по…
Човекот кој гласаше за промена на името…
Партијата на пензионери официјално соопшти дека излегува…
Рекордни казни би можеле да следат по…
Рекордно високи казни би можеле да следат…
По Балтичките земји и Украина се повлекува…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, потпиша декрет за…
(Видео) Гори куќа во Кочани
Пожар попладнево избувна во куќа во Кочани.…