Кешишев точел гориво во 5 наутро, Обвинителството ги презентира доказите против обвинетите!

Со читање на денешното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, беа изведени доказите на Јавното обвинителство, меѓу кои и вештачењата на телефонските уреди на обвинетите, како и на дел од сведоците и лицата кои контактирале со обвинетите во критичниот период.
Обвинетиот Палевски предложи дел од доказите од телефонските вештачења да не се изведуваат, бидејќи, како што истакна тие лица не биле ниту осомничени, ниту обвинети, а ниту докази со постапката. Од Обвинителството посочија дека обвинетиот може да поднесе приговор на доказ во соодветна фаза од постапката, а судот го одби барањето.
Судот посочи дека доколку е потребно телефонските вештачења можат да се изведат еден по еден, бидејќи во судницата беа обезбедени услови за презентирање на доказите, но обвинетите не побараа такво презентирање на вештачењата.
Во судницата беше презентиран видео запис, кој е дел од листата на докази на Јавното обвинителство, во врска со движењата на возилата Рено и Цитроен во критичните денови. На снимка од камера на бензинска пумпа која трае нешто повеќе од три минути.
– На ова ЦД се констатирани снимки за тоа како обвинетиот Влатко Кешишев со празен галон пристигнува на бензинската станица на Макпетрол во близина на политичката партија Десна за да наточи гориво, бензин, кое го плаќа со банкнота од 1000 денари во кеш, за што му е дадена фискална сметка. Локацијата е на бензинската пумпа кај Транспортен центар Скопје на ден 27.11.2023 година, времето е 05 часот 26 минути и 40 секунди, На истото се гледа како обвинетиот Кешишев доаѓа на бензинската пумпа со галон, големо пластично шише за да наточи гориво, истакна за првиот видео-запис обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска.
Во 5 часот 30 минути и 15 секунди обвинетиот Кешишев се враќа и го зема со себе галонот со горивото и заминува.
Беше презентирана и втора снимка од камери, од истата бензинска пумпа.
– Локацијата е иста, бензинска станица на Макпетрол, Транспортен центар, 27.11.2023 година, времето е 5 часот 28 минути 43 секунди. Кешишев доаѓа на бензинската со галонот, ова е истото точење на гориво, но од друг агол, објасни обвинителката.
Третата снимка е од истата локација и истиот настан, меѓутоа од друг агол, каде обвинетиот влегува за да го плати наточеното гориво. Од овој настан има уште една снимка, од касата на бензинската станица каде Кешишев го плаќа наточеното гориво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кешишев точел гориво во 5 наутро, Обвинителството…
Со читање на денешното рочиште за убиството…
Никој нема да ме спречи да ги…
На социјалните мрежи попладнево се појави снимка…